Светот на францускиот уметник Marc Giai-Miniet, меѓу другото, се состои и во склопување на објекти коишто би можеле да ги сврстиме под името „куќички за кукли“. Овие објекти и нивните простори се исполнети со чудни и необични предмети, кои децата често не ги користат за своите кукли.
Се работи за лавиринтски простори исполнети со „катови“ од материјализирани „соништа“, „сеќавања“, парчиња од книги и разни други метални асоцијативни нешта.