Славниот јапонски архитект Шигеру Бан најави нов градежен материјал. Тој планира повторно да ги искористи старите тули од урнатите згради, како градежен материјал за транзициските засолништа за преживеаните од априлскиот земјотрес со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала во Непал.
Засолништата ќе бидат од модуларни дрвени рамки, полнети со тули од урнатините. Шигеру и неговата хуманитарна организација „Volunteer Architects Network“ изградбата на засолништа ги најавија во мај, но сега се објавени прототипите на дизајнот.
Секоја модуларна структура ќе биде лесна за изградба и склопување, а цената ќе биде многу ниска. Отпадните тули лесно се собираат и се полнат дрвените рамки. Покривот ќе биде од хартиени цевки покриени со пластика.
Стилот на градбата потсетува на локалната непалска архитектура.