Насловна / Архитектура / Куќи на Стара планина за одмор на работници

Куќи на Стара планина за одмор на работници

„Бранковиќ Mountain Resort“, претставува вешт пример на поврзување на архитектурата и околниот амбиент. Сопственикот на „Пекара Бранковиќ го препознал квалитетот на престојот во природа и го ангажирал проектантското биро Alterno Inc од Ниш да го изработи проектот за Mountain Resort на Стара планина во Србија.

3_resize

Инвеститорот сакал во амбиент кој е познат по риболов, патеки за шетање, рекреација и велосипедизам да направи објекти за сместување на работниците од „Пекара Бранковиќ“. Инвеститорот, кој воедно е и сопственик на пекарата, комплексот го планирал како место кое ќе служи за одмор, унапредување на меѓусебните односи на вработените и одржување на team building. Вкупниот капацитет на апартманската населба е 20 лежаи, кои вработените можат да ги користат во тек на цела година.

1_resize

Комплексот на Стара планина е на парцела со површина од 1.500 квадратни метри, објектите се каскадно поставени и организациски решени преку четири различни функционални типа. Сите типови станбени единици имаат интерен двор, како и пристап до заеднички платоа за боравок и рекреација и кујна која служи за собирање и дружење.

2_resize

Објектот тип „А“ е приземје и поткровје. Приземјето се состои од влезен хол, тоалет, кујна и дневен боравок. На поткровјето се сместени две спални соби, мини wellness со бања и една помошна просторија.

Останатите објекти се од галериски тип и се сотојат од влез, дневен боравок, мини кујна со дел за појадување, бања и галериија на која е сместена спална соба.

5_resize

Фасадите на објектите се од четинари со голема содржина на смола од шумите на падините на Стара планина и камен од локалниот каменолом, материјали кои на вистински начин комуницираат со околината.

Поголемите стаклени портали на ниво на приземје во дневната зона и стаклените партии кои се провлекуваат низ двете нивоа и завршуваат со кровен прозор, отвараат можност да се внесе дел од пејзажоти и доживее природата во внатрешноста на објектот.

7_resize

„Водевме многу сметка и за вкупното доживување на просторот од агол на корисниците на објектот. Диспозицијата на отворите на фасада внимателно е одредена со цел на корисниците на просторот да им се овозможи максимално искористување на визурите, во секој момент на експлоатација на просторот, а истовремено да им се обезбеди и приватност“, истакнуваат архитектите.

Авторите преку современ пристап прикажале обликување со едноставни форми, ослободени од вишок, потпрени на локалната традиција и традиционалните материјали.

2_resize

8_resize 9_resize 10_resize 11_resize

Испрати коментар

Scroll To Top