Во поново време се повеќе се избегнува проектирањето на куќи во низа. Тоа пред се се должи на поголемата потреба за самостојност и самоодлучување, додека ваквите куќи не тераат да размислуваме како дел од една целина, еден колектив.
Во Сао Паоло е направен извонреден проект за вакви куќи во низа кои на корисниците би им овозможиле извонредни услови за живот.
Овие куќи освен тоа што имаат прекрасен поглед кон околината и блиските водени површини, им овозможуваат на корисниците најсовремени и софистицирани архтектонско-општествени услови.
Нивните обликовно-архитектонски карактеристики исто така се врвни со што станарите би живееле во вистинско врвно достигнување на модерната архитектура.