Насловна / Архитектура / Куќата SAB со бетонски греди, Кордоба, Аргентина

Куќата SAB со бетонски греди, Кордоба, Аргентина

Аргентинското проектантско биро PSV Arquitectura е автор на куќата SAB во Кордоба, Аргентина.

1_resize

Куќата се развива надолжно на приземје, почнувајќи од мрежа каде што јавните функции се поставени од едната страна, а приватните од другата, разделени со централни квадрати, внатрешни дворови.

2_resize

Дворовите овозможуваат постојана интеграција со природата во внатрешноста и вкрстена вентилација, како и усогласување со проектанската премиса, сите простори да се ориентирани кон север.

19_resize

Мрежата во својата поставеност е јасен, директен резултат на структурната логика на куќата.

Започнува со бетонски плочи распоредени од исток кон запад и ѕидови обложени со камен од север кон југ; продолжува со греди распоредени нормално на плочите, обложени со дрвени плафони, а завршува со камен резервоар како иконичен завршеток на куќата.

15_resize

20_resize

Надворешниот архитектонски јазик конечно е обединет со поставување мобилни железни чадори за сонце кои нудат приватност помеѓу просторите и ги штитат, особено од западната сончева светлина.

5_resize

7_resize

Иако би можело да се каже дека куќата се отвора и визуелно насочува интроспективно, кон главниот двор, а со тоа и кон терените за голф во соседството, помеѓу завршетокот на бетонските ѕидови и почетокот на плочите, се создаваат хоризонтални прорези за светлина и вентилација, на фасадите север и југ.

9_resize

13_resize

Куќата се карактеризира со структурна, материјална и функционална искреност, благодарение на јасната распределбата на просторите и визуелната врска меѓу нив одвнатре.

14_resize

11_resize

Патот од влезниот ходник до која било од просториите се карактеризира со динамично движење и чувство на удобност, што е резултат на комбинацијата на благородни материјали, како што се камен, бетон и дрвени плафони, со дизајнот на ентериерот, каде што текстилот и боите настојуваат да постигнат топлина за своите посетители.

 

4_resize

6_resize

10_resize

12_resize

16_resize

17_resize

18_resize

21_resize Layout1 23_resize

Испрати коментар

Scroll To Top