Куќата под рид во Nashtarud, се наоѓа во провинцијата Mazandaran во Иран, а проектирана е од иранското архитектонско биро mrk office, под раководство на архитектите Mohammad Reza Kohzadi и Mohammad Aghajani.
Семејната куќа со површина од 327 квадратни метри, сместена на парцела од 5304 квадратни метри се гради во моментов.
Во овој проект, поради посебната позиција на локацијата во однос на топографијата на теренот и околниот пејзаж, проектот не го поставува објектот како доддаден над теренот, туку за да се воспостави хармоничен однос со околното опкружување во внатрешноста на земјата.
Куќата ја користи разликата во висините на теренот, влегува во него и органски се претопува со тревата. Во петата фасада прекриена со зеленило единствено се гледа рампата за автомобил, базенот и партерот организиран околу него и отвор за борот затекнат на локацијата. Останатиот дел е умешно сокриен под зелен кров, која како капак благо е подигната од теренот.