Насловна / Архитектура / ‘Куќата О’ –проект за уметник во Пекинг, Кина

‘Куќата О’ –проект за уметник во Пекинг, Кина

penda-house-o-wood-artist-beijing-designboom-01_resize

“Куќата О” претставува мала резиденција со градина во Пекинг, Кина, направена за познат кинески уметник кој работи со дрво. Земјаќи ги предвид секојдневните активности на клиентот и потребите што произлегуваат од неговата професија, проектот на Penda е замислен како стебло со содржини поставени по заоблениот периметар, крунисани со заоблен покрив, чии материјали се поставени прстенесто, следејќи ја истата аналогија.

penda-house-o-wood-artist-beijing-designboom-03_resize penda-house-o-wood-artist-beijing-designboom-04_resize penda-house-o-wood-artist-beijing-designboom-06_resize

Околу центарот е сместен дворен простор кој ги поврзува нивоата на куќата со кровна лантерна, која обезбедува дневна светлина долж спиралните скали. Околу оваа фокусна точка, за да се задржи минималноста на формата, проектантите манипулираат со внатрешноста на вертикалната структура што ги разграничува приватните од јавните програмски содржини, исто така водејќи сметка и во однос на интензитетот на сончева светлина која треба да ја добијат а која ја менува својата ориентација долж кружниот периметар.

img_4_1405083815_8ca25ea31e9dbc2c4e302d57b7141e55_resize penda-house-o-wood-artist-beijing-designboom-07_resize penda-house-o-wood-artist-beijing-designboom-08_resize penda-house-o-wood-artist-beijing-designboom-09_resize penda-house-o-wood-artist-beijing-designboom-10_resize penda-house-o-wood-artist-beijing-designboom-11_resize

Преносот на повеќе светлина е добиен со нежно, гестикулативно подигнување на северната страна, креирајќи слободна стаклена површина видлива на фасада. Чинот симултано создава бран од застаклување кој ги осветлува вкопаните простории како кујната и бањата, а хиерархиски ја сместува големата спална на вториот кат која е отворена со поглед кон градината. Таму, корисникот може да се одмора, чија приватност е обезбедена преку ритмична употреба на дрвени вертикали кои ги попречуваат љупопитните надворешни погледи кон внатрешноста.

penda-house-o-wood-artist-beijing-designboom-05_resize penda-house-o-wood-artist-beijing-designboom-06_resize penda-house-o-wood-artist-beijing-designboom-07_resize penda-house-o-wood-artist-beijing-designboom-08_resize penda-house-o-wood-artist-beijing-designboom-09_resize penda-house-o-wood-artist-beijing-designboom-10_resize penda-house-o-wood-artist-beijing-designboom-11_resize penda-house-o-wood-artist-beijing-designboom-021_resize

Испрати коментар

Scroll To Top