Домот на архитектот Jim Olson – сопственик на проектантското биро Olson Kundig со седиште во Сиетл е споменик на принципите кои биле темели на неговата целокупна архитектонска кариера: идејата дека зградите можат да послужат како мост помеѓу природата, културата, историјата и луѓето.
Неговата куќа помеѓу стебла во Longbranch во Вашингтон, проектирана е на начин да ги охрабри своите жители да гледаат кон надвор и никогаш да не заборават дека луѓето се дел од природниот свет.
Jim Olson доградил куќа од 30-тите години, која била единствено останта по пожарот на имотот. Кога станал архитект одлучил да и додаде соби и неколку пати ја обновувал викендицата. Ја интегрирал предходната градба во новиот дел.
Објектот се состои од три мали павилјони поврзани со дрвени платформи под обединувачки покрив, а целата конструкција е приземјена на падините на ридот. Со тек на време додадени се повеќе простории и сега куќата има 230 квадратни метри.
Волумените намерно се пригушени со боја и текстура, што овозможува куќата да се повлече во шумата и да се приклучи на убавината на пределот. Користените материјали се едноставни: дрво, иверица, рециклирани плочи и челик.
И ентериерите се прилично едноставни, модерни и рустични истовремено, со многу светло дрво во декорот, со иверица и бетон – таквата комбинација на материјали истакнува дека е тоа шумска кабина. Секој простор има застаклени sидови, еден или два или големи прозорци за да се фати погледот на шумата и да им се помогне на сопствениците да се спојат со природата. Во секоја соба има многу природна светлина, а дрвото ги прави пријатни и привлечни. Низа од мали тераси/тремови им помагаат на сите да уживаат во пејзажите.