Насловна / Архитектура / „Куќата на цвеќето“: И по Тито – Тито

„Куќата на цвеќето“: И по Тито – Тито

„Куќата на цвеќето“ во Белград е дел од Музејот на историјата на Југославија, и е местото каде е погребан поранешниот доживотен претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито.  Куќата се наоѓа на Дедиње, на улицата „Ботиќева“, а и денес е една од омилените туристички атракции во Белград.

5

Објектот го проектирал архитектот Стјепан Краљ, изграден е во 1975. година како зимска градина за потребите на тогашниот претседател на Југославија во непосредна близина на неговата резиденција. Додека Тито бил жив, куќата била позната под името „Цвеќара“ и служела како зимска градина со помошна канцеларија. Тито тука поминувал многу време додека престојувал во Белград, по разделбата со сопругата Јованка, од 1977 година до неговата смрт.

6

Објектот зафаќа површина од 902 квадратни метри и се состои од три дела: цветна градина во средината и два паралелни ходника од страните, додека од спротивната страна на влезот се наоѓа тераса со поглед на Белград. Покрај централниот дел со фонтана, околу биле простории за работа и одмор – работна и спална соба, салон, гостинска соба, библиотека.

Grob_Josipa_Broza_Tita

По смртта на Тито на 4. мај 1980 година, зимската градина била преуредена во неговото последно почивалиште. Тогаш, фонтаната е отстранета од централниот дел и била изградена гробницата која изгледа како голема подземна просторија. Со оглед на популарноста на Јосип Броз Тито во тоа време, се сметало дека е несоодветно неговото последно почивалиште да се нарекува гроб или мавзолеј, па така настанало името „Куќата на цвеќето“.

3

Се до 4. мај 1992 година, почесна стража на гардата на ЈНА го чувала гробот на Тито, за да биде повлечена по распадот на СФРЈ. Во 1996 година донесена е законска одлука за укинување на меморијалниот центар „Јосип Броз Тито“ и припојување на куќата кон Музејот на историјата на Југославија.

Kuća_cveća_013

Последната сопруга на Тито, Јованка Броз која почина во 2013 година, погребана е покрај својот сопруг.

„Куќата на цвеќето“ до денес ја посетиле околу 20 милиони луѓе.

0 2 VLUU L200  / Samsung L200 VLUU L200  / Samsung L200 Kuća_cveća VLUU L200  / Samsung L200

Испрати коментар

Scroll To Top