Куќата на Андриќ во Херцег Нови се наоѓа во средиштето на културните знаменитости во овој град. Градена е од 1962 до 1963 година, со дел од средствата добиени од Нобеловата награда ( паричниот дл од наградата е околу еден милион евра), а според проектот на белградскиот архитекст и сликар Војислав Ѓокиќ. Познато е дека најголемиот дел од средствата од наградата, писателот ги донирал за изградба и опремување на библиотеки во Босна и Херцеговина. Со својата сопруга, Андриќ живеел во оваа куќа од 1963 до 1968 година.
Во перидот од 2018 до 2020 направена е ревитализација на куќата преку IPA проектот на Европската унија, Co.Co. Tour, кој има за цел зачувување, унапредување и промоција на природните и културните богатства на крајбрежните заедници. Дворот е преуреден за одржување на културни манифестации. Во дворот е поставена и биста на Иво Андриќ, дело на академскиот сликар Никола Јанковиќ од 1974 година. Врз основа на списокот од растенија кој го составил самиот Андриќ, засадени се 51 растителни видови кои некогаш ја краселе оваа куќа. Авторите на постојаната музејска поставка, изложиле фотографии, цитати за уметноста, морето, животот и човековата судбина од легендарните „Знаци покрај патот“ (Znakovi pored puta). Во две простории на приземјето, претставен е животот на Андриќ во Херцег Нови преку фотографии од писателот на терасата од куќата и во градината, како и на некои препознатливи локации во самиот град. Изложени се реплики од Нобеловата диплома и Нобеловата медаља, како и фотографии и документи од неговата дипломатска кариера. Стилското огледало е единствениот сочуван оригинален предмет од куќата на Андриќ.