Проектот за куќа сместена на самиот брег, почива на идеата да се намали ризикот од оштетувања кои можат да ги направат потенцијалните поплави и да се заштити природното опкружување.
Куќата во јужен Мејн изградена е на песочни дини, затоа носи симболично име In the Dunes. Архитектонското биро од Портланд, Caleb Johnson Studio е проектант на куќата. Се одлучиле објектот да го дигнат над површината на теренот со високи дрвени столбови анкерисани во бетонски темели. На овој начин локацијата скоро воопшто не е нарушена со изградба. Куќата му дозволува на пејзажот непречено да тече под нејзе.
„Објектот е организиран како систем на чисти геометриски форми, кои се модернизирани во поглед на дизајнот и манипулирани со цел да се овозможат погледи на морето и мочуриштето“- изјавиле архитектите за Inhabitat.
Фасадата на објектот е обложена со кедар, поставени се прозори со големи димензии кои куќата ја приближуваат на природата и пружаат панорамски погледи на опкружувањето од скоро секој агол.
Ентериерот е простран, а неутралната палета на бои и минималното количество мебел, придонесуваат на чувството на слобода и создавање пријатна атмосфера.