Насловна / Архитектура / Куќата Loft RLO во Бразил која ја прифаќа природата

Куќата Loft RLO во Бразил која ја прифаќа природата

Бразилското архитектонско биро ME Arquitetura е проектант на резиденција која ги брише границите помеѓу затворениот и отворениот простор во Бразил.

2_resize

3_resize

Наречена Loft RLO, куќата од 350 квадратни метри замислена е како павилјон кој има живот неразделно поврзан со живеење на отворено.

4_resize

Еднокатната резиденција со дарежливи пропорции, со само еден апартман, една бања и две полубањи, го вреднува заедничкото живеење, заматувајќи ги линиите кои ги одделуваат надворешните од затворените простори.

6_resize

10_resize

Проектот го истражува односот помеѓу завземениот простор и празнините, од влезната патека до стаклените врати кои целосно се отвораат и исчезнуваат во sидовите. Ова создава еден голем простор за живеење од трпезарија, кујна, трем и базен. Употребата на природни материјали, како што се дрвото freijó и травертин мермер, ја нагласуваат врската со градината и езерото.

5_resize

11_resize

Намалената палета на материјали, исто така отстапува место на силните геометрии. Отворената кујната од абонос внесува трезвеност во проектот.

Стаклени врати од подот до плафонот со црни рамки, целосно се отвораат во облогата зад кујната, овозможувајќи да се создаде единствен простор. Понатаму, плафонот се протега на големи распони, а столбовите се вградени во ѕидовите.

19_resize

9_resize

20_resize

Гардероберот е во иста просторија со голема бања, со туш кој се отвора кон зеленило. Проектот се обидува да ја внесе природа и да создаде силна врска со надворешноста.

Loft RLO е со правоаголна форма, со подолгата страна свртена кон езерото, овозможувајќи да се доживеат неверојатни погледи од сите точки. Мебелот е целосно изработен од проектантите и ја одразува палетата на бои и материјали применети во архитектурата.

21_resize

7_resize

12_resize

16_resize

15_resize

14_resize

17_resize

18_resize

13_resize

19_resize 23_resize 22_resize

Испрати коментар

Scroll To Top