ALTS design office пред извесно време го комплетираа овој дом во Јапонија.
Куќата е опкружена со комплекс куќи и згради. Тука е и големиот паркинг поставен на јужната страна. Тоа создава проблем, бидејќи куќата не може да обезбеди јужна експозиција поради потребата за приватност на сопественикот.
Затоа проектантите создаваат ексклузивност со проширување на внатрешноста. Поголемо значење му се дава на внатрешниот простор отколку на надворешниот токму поради оваа причина, со цел создавање на интересен и различен простор.
Куќата се отвора кон алејата така што е обезбедена заштита на приватноста и природно осветлување.
Всушност, алејата ги брише границите помеѓу надворешноста и внатрешноста, па атмосферата во ентериерот е интересна. Се внесува чувство на непознатост во позитивна смисла.