Насловна / Архитектура / Куќата која ја освои RIBA наградата за 2018 година

Куќата која ја освои RIBA наградата за 2018 година

Викендицата која е проектирана од архитектонското биро  Haysom Ward Millar Architects ги  собра сите симпатии на жири комисијата која ја прогласи за најдобра куќа во Велика Британија за 2018 година.

Lochside-house-naslovna

Овој проект, кој е изведен за уметник кој се занимава со керамика, ја освои престижната RIBA награда во конкуренција од шест проекти кои се пласирале во последниот круг. Иако на прв поглед објектот делува премногу скромно, сепак во неговата едноставност е целата убавина на архитектурата.

Lochside-house-03-782x522

Целата структура на куќата се состои од три единици кои се изградени во целост од природни материјали со што го дополнуваат амбиентот на локацијата.

Во внатрешноста на куќата продира голема количина на природна светлина која нежно се одбива од светлите површини, а таванот обложен со дрвени даски претставува уште една врска како со екстериерот на куќата, така и со околината.

Централната точка на ентериерот се наоѓа на каминот која е во светло сина боја, а освен тоа вниманието го привлекува и погледот на езерото кое се гледа низ прозорците кои се со големи димензии.

Lochside-house-07-782x1171

Со оглед на тоа што куќата се наоѓа во природа, далеку од цивилизација, она самостојно произведува енергија преку соларни панели, а вода за пиење зема од бунар.

Lochside-house-06-782x522

Директорот на фондацијата RIBA, Ben Derbyshire, куќата ја опишува како „совршен додаток на пејсажот од соништата“.

Lochside-house-02-782x1107

Lochside-house-10

Lochside-house-09

Испрати коментар

Scroll To Top