Насловна / Архитектура / Куќата К2 во Ниш скриена од погледи и изолирана од уличната врева

Куќата К2 во Ниш скриена од погледи и изолирана од уличната врева

Во централното градско подрачје на Ниш, на мала правоаголна парцела од 188 квадратни метри, сместена е семејна куќа К2, проект на локални архитекти од бирото „КонтраСтудио“.

Задачата која им била зададена е да испроектираат семеен објект чија форма и функција го одразуваат брзиот начин на живот на младите деловни луѓе и да го вклопат во постоечката урбана матрица.

5

Со анализа на поширокиот контекст на локацијата, забележани се амбиенталните и архитектонските карактеристики на околината во вид на скромни ниски згради, со запуштени фасади и скриени приватни дворови, но и потреба од посовремен пристап.

Клучните предизвици биле урбанистичките услови, потребата на клиентот за приватност и енергетска ефикасност. Прилично складно, сите три се решени со линиска поставеност на полна улична фасадна маса и со отворање на објектот кон југ и внатрешниот двор, објаснуваат архитектите.

2

Куќата со чиста форма и минималистички фасадни рамнини е резултат на желбата на клиентот да се изолира од вревата на градската улица и потребата за приватен отворен простор.

„Со архитектонското решение се настојуваше да се затвори објектот кон улицата и функционално отварање кон дворот со јужна оријентација“, велат проектантите.

Со поставување на објектот на локацијата спротивно на очекуваната ориентација кон улицата, се формира посебен микроамбиент, каде што малиот скриен двор добива значење и станува функционален дел од приземјето.

„Согласно минималистичкиот пристап за решавање на фасадата свртена кон улицата и влезот во објектот е вклопен во формата и материјализацијата на објектот“, додаваат архитектите.

1

Порталот од сигурносно стакло, поставен во рамнина со фасадата на регулационата линија, ги поврзува и воведува корисниците и гостите во ветробранскиот простор.

Полната улична фасадна маса е олеснета со вовлекување во зоната на катот, кое покрај функционалната улога на лоѓија, има и естетска задача да воспостави рамнотежа во играта на полно и празно.

Отворените површини на јужната фасада решени се со исфрлање на еркери, кои формираат лоѓи со елегантна стаклена ограда, кои во комбинација со фасадните облоги од композитни панели во црна боја и дрвен дезен, создаваат контраст на белата монолитна фасада.

Објектот е збогатен со кровна тераса на рамниот кров, која е проникната со зеленило и комплетирана со пергола изработена од челични профили со фиксни брисолеи во дезен на дрво.

4

Со интегрирање на уредениот кровен простор во сценографијата на изградениот блок, се компензира недостатокот на приватен двор и се формира подлога за натамошен повеќеслоен развој на оваа урбана целина, објаснуваат авторите.

„Функцијата на објектот е конципирана како една станбена единица низ три ката со вертикална организација на содржините и се добиваат јасни просторни целини“ – додаваат од „КонтраСтудио“.

3

Дневната соба со трпезарија и кујна, перална и една од бањите се сместени на приземје, додека на првиот кат се спалните соби, гардеробер, работна соба и уште една бања.

Техничките простории и дополнителните содржини се наоѓаат во подрумот, како што се теретана, сауна, турска бања и винарска визба, додека на терасата на последниот кат има тоалет, мини дневна соба и кујна.

Паркирањето е решено со гаража во склоп објектот и дополнително паркинг место на парцелата.

6 7 8

Испрати коментар

Scroll To Top