Насловна / Архитектура / Куќата Jatobá во Бразил бегство од стварноста

Куќата Jatobá во Бразил бегство од стварноста

Ѕид од набиена земја, направен од песок земен од локацијата, ја опкружува оваа вила со повеќе структури во Бразил, проект на бирото Studio Guilherme Torres.

Објектот се наоѓа во населбата Fazenda Boa Vista, место за одмор лоцирано на околу два часа возење од Сао Паоло.

023 021

022

Младо семејство со две деца тинејџери, нарачале од архитектите од Guilherme Torres, биро од Сао Паоло, да проектираат прибежиште од градот каде што ќе можат да поминуваат време поврзувајќи се со природата. Резултатот, завршен во 2021 година, е куќата наречена Jatobá, по бразилската сорта на дрво.

„Далеку од големиот град, селската куќа го има бегство од стварноста како своја мантра“, велат Studio Guilherme Torres.

05

„Секој детал носи релаксирачка атмосфера, каде што жителите можат да се исклучат и да уживаат во природата во нејзината најчиста и наједноставна форма“, додаваат архитектите.

3

Архитектите ја проектирале основата на куќата да ја пополни целата парцела. Отворените површини се потоа издлабени од оваа контура за да се создадат внатрешни дворови, рефлектирачки базени и патеки на отворено.

Петте спални соби се сместени во самостојни волумени, од кои секоја има сопствената бања.

020

Овие блокови во рамките на периметарскиот ѕид имаат бела надворешност и го делат камениот под што го покрива целиот дом.

Бело обоените волумени се наоѓаат во периметарот од набиена земја „Голем ѕид од набина земја, направен со песок и земја од самата локација, ја опкружува целата куќа и исто така учествува во структурата“, велат проектантите за Dezeen.

1

01

„Оваа илјадагодишна техника создава единствен идентитет, бидејќи нема ништо слично никаде во светот, како во естетиката – бојата и растојанието на слоевите – така и во големината“, додаваат од архитектонското биро.

017

Во средиштето на објектот, два поголеми волумена се сместени паралелно еден на друг и ги сочинуваат социјалните простори на домот.

Еден од нив има лизгачки врати од подот до плафонот што овозможува целосно да се отвара или затвара за употреба преку целата година.

01

Другиот павилјон е поотворен и е наменет да се користи како покриен надворешен простор.

„Просторот е отворен и целосно се открива кон надворешноста“, велат од бирото. „Во дождливите денови вградените тенди се спуштаат и го штитат целиот амбиент.

013

Овој простор содржи спуштен дел, пониско ниво, со проектор за гледање филмови.

Поголемиот дел од куќата е изградена со користење на вкрстено ламинирано дрво (CLT).

012

Овие дрвени површини се видливи во внатрешноста на домот и ја отсликуваат розовата, земјена нијанса на ѕидовите од набиена земја.

Светло сиви подови од базалт ги покриваат и внатрешни и надворешни простори. „Парчињата од базалт – доминантниот камен на Месечината – го покриваат целиот периметар на проектот“, велат од Studio Guilherme Torres.

015

„Навистина, одењето низ ходниците на куќата Jatobá е како да лебди на Месечината: чувството на смиреност, далеку од секаква цивилизација, мошне е слично“, додаваат архитектите.

04 014

07

02

06 016

011

08

09 (1) 010

Испрати коментар

Scroll To Top