Насловна / Архитектура / Куќата Ghat House во Чиле

Куќата Ghat House во Чиле

Куќата Ghat House во Cachagua, Чиле се наоѓа на терен кој има наклон од 25 степени, со поглед на Тихиот Океан.

2
Архитектонското обликување, структурата, внатрешна организација, функцијата и начинот на живеење предложен во оваа куќа од 340 квадратни метри, архитектот Max Núñez ги утврдил од постоечките услови на топографијата.

3
Косата површина на покривот е паралелна со природниот наклон на локацијата и е окупирана од големи скали со невообичаени пропорции за индивидуална куќа. Под оваа косина во внатрешниот простор сместени се различни содржини на куќата. Монотонијата на слободниот план е редефинирана од наклонот, создавајќи внатрешна топографија на различни нивоа со различни големини и височини.

7
Кровот е ослонет на 15 бетонски столбови со различни димензии и форми. Нивната геометрија е одредена од нивните конструктивни потреби и хетерогените форми успеале да го индивидуализираат секој столб како единствен елемент. Секој столб генерира одредена точка во просторот и рамката на пејзажот меѓу столбовите секогаш е различна.

6
Четири полесни волумени обложени со дрво се мешаат со површината на покривот и просторот под него. Во три од овие волумени сместени се приватните соби, а четвртиот, помал по димензија, содржи директен пристап до покривот од внатре. Овие волумени сместени се под, покрај и над покривот, воспоставувајќи двосмислени односи меѓу приватните и јавните површини на куќата.

5

15

14

4

11

17

16

13

9

10

12

Испрати коментар

Scroll To Top