Насловна / Архитектура / Куќата „Freiform“ во Јужен Тирол со органски кров

Куќата „Freiform“ во Јужен Тирол со органски кров

Сместена на ридовите на Кјуза, Италија, куќата наречена „Freiform“ е разиграно проектирана за да пружа прекрасни погледи на нејзината тиролска околина. Нејзините современи ентериери се оградени со ѕидови од стакло со целосна висина, што овозможува непречен поглед на импресивниот пејзаж на Јужен Тирол.

2

На врвот на домот е аморфен зелен кров, неговата дефинирана форма дава органски профил и служи за интегрирање на архитектурата во нејзиниот природен контекст. Внатре, куќата од 65 квадратни метри обезбедува интимна атмосфера, нејзиниот отворен распоред вклучува простор за седење, кујна и спална соба, а се се отвораат со панорамски погледи.

1

4

Куќата „Freiform“ ги кани гостите целосно да се втопат во природата на северна Италија. Пејзажот околу куќата е бујна и зелена природа, исполнета со дрвја и полски цвеќиња, со поглед кој допира далеку до слоевитите планини. „Куќата е како организам“, вели проектантот Мартин Грабер. „Однадвор тврда лушпа, направена од бетон и стакло, внатре мека и направена од органски материјал како дрво и природни ткаенини“, додава архитектот.

7

Во куќата има брачен кревет и уште едне кревет што може да се прилагоди за двајца, претставува идеално место за одмор за двајца до четири гости – достапна е за изнајмување преку Welcome Beyond.

3

9

03

04

02

5

8

11 0

Испрати коментар

Scroll To Top