Оваа куќа се наоѓа во Румилома, едно од брдата што се наоѓа во близина на градот Куито во Еквадор, кој е во брзорастечка урбанизација, и е една од првите изградени куќи во овој дел.
Концептот на оваа куќа е замислен да биде како двособна викенд куќа со надкриени надворешни простори кои би служеле како место за поминување на времето на отворено со пријателите.
Интересно за оваа куќа е тоа што таа е изградена за само 75 дена и исклучиво со локални материјали кои се наоѓаат во нејзината непосредна близина, со оглед на тоа што куќата се наоѓа на тешко пристапен терен.
Оваа куќа е целосно отворена од нејзината предна страна која гледа кон падините на еквадорските Анди, па така цела оваа нејзина страна е застаклена, додека двете бочни страни се масивни и целосно затворени.
Користејќи ги основните природни материјали како, дрво, тула, бетон, стакло и челик, оваа куќа е создадена од природата и во целосна кохезија со неа, па така на своите корисници им дава тотално пријатен престој во неа.