Насловна / Архитектура / Куќата Дијамантско дрво – неколку начини на перцепција на просторот

Куќата Дијамантско дрво – неколку начини на перцепција на просторот

Проектот за вила Diamond Tree, потпишан од 3ndy Studio, изведен е за семејството Симиони во населбата Poncano Veneto, сместена помеѓу станбените и руралните зони на областа Тревизо во Италија.

10

Концептот на архитектонското обликување на овој објект од 550 квадратни метри се развива околу идејата за декомпозиција, одземање и ротација на волумените, со цел да се создадат неколку начини на перцепција на просторот.

5

Присуство на хибриден и флуиден простор

Внатрешноста на вилата е конципирана така што не постојат ходници што водат меѓу дневната и ноќната зона, што сугерира на присуство на хибриден и флуиден простор.

Ваков простор проектиран е без фиксна хиерархија, и е исполнет со светлина која доаѓа од голем прозорец поставен на плафонот на објектот.

1 2

Сите патеки во внатрешноста на вилата се континуирани и по нив може да се движи без ограничувања и прекини, а жителите можат непречено да минуваат од една во друга просторија.

„Главната спална соба е одвоена од остатокот на куќата со посебен лизгачки дрвен ѕид“, објаснуваат за ArchDaily архитектите од бирото 3ndy, кое работи во местото Вигонова во близина на Венеција.

3

Црн гранит и синтеруван камен

Внатрешноста и надворешноста на вилата сегментно се преплетуваат, има и внатрешен двор, како и зенитално осветлување, благодарение на што сенките на дрвјата се проектираат на површините на внатрешните ѕидови.

Многубројни површини во куќата се обложени со висококвалитетни природни материјали, избрани според нивните хроматски и физички карактеристики.

11

Така, на пример, дрвото од орев се комбинира со црн гранит и високотехнолошки материјали како синтеруван камен.

Синтеруваниот камен е применет во неговата „апсолутна црна“ варијанта на задниот ѕид на просторот за затворениот базен, каде италијанскиот скулптор Џорџо Милани ја прикажал историјата на семејството Симиони.

19

„За затворање на куќата, пак, користен е цврст материјал во апсолутна бела боја“ – додаваат италијанските архитекти.

Монолитното чувство на објектот сегментно е прекинато со помалку неочекувани призматични пукнатини на ѕидовите, кои ја рефлектираат сончевата светлина како дијамант.

6

14

Цврсти облоги на фасадите

Како што велат архитектите, голем предизвик во развојот на проектот претставувала употребата на цврсти облоги на фасадите.

„Беше исклучително тешко да се исечат и обликуваат цврстите површински плочи за адекватно да ги следат полигоналните прозорски отвори“, објаснуваат од бирото.

7

Овој момент од процесот на изградба барал анализа на системот за прицврстување на панелите и вешта занаетчиска работа на внимателно избран тим мајстори.

На крај сите се согласиле дека резултатот е одличен, а дека цврстината на белиот материјал и дава на куќата уникатен изглед, како и отпорност на различни временски услови.

Применетите соларни панели, заедно со геотермалната централа, го потврдуваат еколошкиот и одржливиот карактер на проектот.

12 13 18 20 15 16 17 4 9 8

Испрати коментар

Scroll To Top