Архитектонското биро Mauricio Ceballos X Architects (MCXA) ја реализираше својата идеја во врска со проектот на една многу необична куќа во Мексико, во Malinalc, наречена Casa Mague.
Дизајнот на оваа куќа внимателно ја зема во предвид природата и предхиспанската историја на самото место. Локацијата која ја избрале клиентите заради нејзината единствена микроклима и големите дрвја, се граничи со – cerro de los idolos – ридот на идолите, каде што Ацтеките оставиле свој белег.
При отпочнување на процесот на проектирање на оваа куќа, тимот архитекти ги разгледал следниве прашања: како да се создаде конструкција со модерен јазик во предхиспански контекст кој ќе успее да се вклопи во природата и културната средина, почитувајќи 100 отсто од постоечката вегетација? Како да се развие флексибилен и безвременски дом? Како да се развие конструкција што имитира природа?
Одговорот го пронашле набљудувајќи ги дрвјата, сфаќајќи дека секој дел од дрвото им порачува нешто важно, и коренот и стеблото и крошна. Исто како и овие три дела, тие го поделиле проектот на три нивоа; првиот што има рефлексија на огледало и го одразува тлото давајќи и на архитектурата лебдечки изглед, потоа просторот за живеење каде што сè е сведено на исто ниво, и на крај надворешниот дел кој всушност е формиран од крошни на околните дрвја.
При изградбата на оваа куќа, строго се водела сметка да не се оштетат постојните дрвја, што довело до тоа основата на куќата да обиколува околу дрвјата. Изградена во својата приземна форма, куќата се состои од низа флексибилни волумени кои се поделени со отворени простори.
Во таа приказна вклучени се и бројни тераси, како и голем дво. Благодарение на овој концепт, затворениот простор всушност станува отворен и неговите сопственици можат да бидат во близок контакт со природата секој ден.
Посебен детал на овој проект е дневна соба на отворено, која е опишана со ацтечката конструкција направена од дрвени плочи кои наликуваат на блоковиите со кои се градени пирамидите. Покрај овој простор тука е и џакузи, како и камин од камен, кој е традиционална алатка за употреба во мексиканската кујна.