Насловна / Архитектура / Куќата Casa Candelaria во Мексико

Куќата Casa Candelaria во Мексико

Куќата Casa Candelaria е сместена на периферија на San Miguel de Allende во Мексико. Проектот на архитектите од мексичкото биро „Cherem arquitectos“ е со идеја, програмата на објектот да се врати кон мексичките хациенди и да ја реши куќата околу двор, кој и самиот содржи активности кои претставуваат тензија и однос помеѓу функцијата на волумените кои го опкружуваат.

2_resize

Клучната намера при развојот на дизајнот била одлуката да се користи древната метода, на шпански позната како „tapia“, со која ѕидовите се направени со природен агрегат, во овој случај околната земја, кој овозможува црната земја да стане тонирана, барајќи интеграција и мимикрија со околината во која е замислено главниот елемент надвор да биде вегетацијата.

14_resize

Волуменски, куќата секоја од областите ја решава самостојно, создавајќи блокови од црна земја, каде преовладува стаменост и отвори кон природата, преку празнини кои почнуваат од подот  до висина од 2,44 метри, каде приватноста и контролата на светлината ја даваат дрвени ролетни и подвижни плочи кои создаваат отвори и потполна интеграција со надворешниот простор.

7_resize 8_resize

Програмски, проектот се простира на површина од четири хектари и се состои од матична куќа, голема куќа; уште една помала куќа, куќа за гости, клубска куќа, куќа за домар и стаза за џогирање долга еден километар, која го следи целиот проект, отстапувајќи ги своите активности на трасата, размислувањата и поминувајќи помеѓу волумените кој го прават целиот објект.

6_resize

Објектот се состои од 12 волумени, кои се организирани околу два големи двора, кои ја делат јавната и приватната површина на објектот со површина од 930 квадратни метри и 630 квадратни метри надворешен простор, помеѓу дворови, тераси, базени и градини и два вантрешни ходника кои протекуваат кон надворешниот простор.

1_resize

Материјалите кои се користени се ѕидови добиени со техниката„tapia“, дрво и археолошки камен на отворено и помала количина бетон, железои и керамички плочки.

15_resize 13_resize 12_resize 10_resize 18_resize 17_resize 3_resize 4_resize 5_resize 11_resize 16_resize

Испрати коментар

Scroll To Top