Студенти од престижниот американски универзитет Харвард во Бостон, дизајнирале малечки куќарки кои се изнајмуваат, а кои нудат совршена релаксација и одмор.
Тие се кампери, дизајнери, архитекти, правници и авантуристички души кои веруваат дека постои неизмерно богатство кое доаѓа по пауза од секојдневната рутина. Тие се Millennial Housing La – група која има за цел развој и реализација на свежи и нови идеи во врска со културата и начинот на живеење.
Главниот фокус на оваа група е насочен кон решавање на реалните потреби и проблеми со кои се соочува новата генерација. Нивниот прв проект е насочен кон популаризација на движењето на минијатурни куќи. Тоа е проект кој е креиран во согласност со начелата кои се еколошки и општествено одговорни.
Досега успешно реализирале три модели на дрвени мобилни куќарки – „Лорен“, „Овидиј“ и последниот со име „Клара“.
Куќарките се наоѓаат во околината на Бостон, и тие овозможуваат мир, едноставност и комфорност. Куќарките се со големина од 15 метри квадратни, а секој оној што ќе сака да изнајми ќе плати 99 долари за една вечер. Локацијата на домовите е тајна, единствено се знае дека се некаде во шумите на Масачусетс.