Проектот на британското студио Blue Forest претставува реализација на детската имагинација – куќарка на дрво од бајките. Проектот наречен Quiet Treehouse е претставен на британската изложба Ideal Home Show, по што ќе бидe дониран на детската болница Chestnut Tree House во Сасекс, Велика Британија. Структурата им обезбедува на родителите и децата удобен простор каде што може да играат, да се релаксираат и да го поминуваат времето заедно.
Двокатната куќарка максимално ги изолира сите надворешни звуци, и притоа е целосно автономна. Имено, куќарката може да се постави на кое било посакувано место, дури и одвоено од дрво, а заради својата елевација секогаш ќе биде на повисока локација. Изгледа како некоја мистериозна шумска структура и дефинитивно ќе ги исполни соништата на децата и родителите.