Проектот претставува обнова на дрвен објект изграден во 1976 година, кој се наоѓа во Кашивара, Јапонија. Постоечката структура била компонирана од два програмски сегменти, работен простор и станбен дел, каде несоодветно организираната композиција на простори дефинирала неатрактивно фасадно обликување кон уличниот фронт.
Имајќи предвид дека се работи за клиент – уметник и креативен артист, архитектонското студио Јam било задолжено за создавање на пријатен дневен престој, простор за творење и создавање, простор за изложување на уметничките творби, како и реобликување на фасадата на работното катче.
Преку неогранско создадената атмосфера, целокупниот дизајн инкорпорира нова флексибилна циркулација и варијабилни доживувања во реновираната бела и чиста внатрешност, оплеменувајќи ја душата на просторот. Деликатните детали и едноставноста ја потенцираат импресијата на одмерено избраните материјали, како и експресијата на играта со светлина.