Најдобри примери на проекти се оние кои не ја нарушуваат околината, кога објектот е вешто вклопен за да не му пречи на пејзажот и каде се постигнува речиси идеална рамнотежа помеѓу она што е направено од човечка рака и она што природата го „градела“ стотици години. Сардинија е прекрасен италијански остров каде навистина малку е потребно за целосно уживање. На северниот дел на островот со должина од 55 километри се протега карпест брег кој го заплискува тиркизно море, а тука се наоѓаат и едни од најубавите вили изградени во текот на 1960-тите години.
Париското биро Stera Architectures на чело со архитектката Стефанија Стера имале сериозна задача кога го добиле проектот за изградба на вила токму во тој дел. Предизвикот бил да не го нарушат пејзажот, но и да се прилагоди начинот на градба на архитектурата што доминира таму. И самата Стефанија летувала на островот, ова било шанса да покаже како таа го гледа софистицираниот луксуз и се покажа дека навистина била вистинскиот избор за овој проект.
Вилата со површина од 1100 квадратни метри, се наоѓа на врв на провалија, меѓу карпи, а архитектите одлучиле токму тоа да го искористат како составен дел од градбата и да создадат едно мошне посебно место. Куќата делува како огромна скулптура и претставува јасна асоцијација на одмор и безгрижност што се поврзаува со летната сезона.
Смарагдниот брег е познат како гламурозно место за одмор каде од година во година се среќаваат холивудските ѕвезди и светските милионери, а тка е уште од 60-тите, кога принцот Карим Ага Кан Исмаили ја открил убавината на островот и одлучи да инвестира во развојот на дестинацијата. Изградбата и развојот се водени од строги насоки дека сè мора да се вклопи во околината, што беше постигнато од тогаш водечките архитектонски бироа.
Стефанија не била сведок на славните денови на развојот на овој дел на брегот, но на нејзината работа влијаеле и архитекти како Jacques Couëlle, кој е одговорен за хотелот Cala di Volpe hotel и Cini Boeri, која ја проектирала бруталистичката вила Casa Bunker. Архитектицата затоа се одлучила за фасада во сива боја поради која куќата се вклопува во карпеста околина.
Ориентацијата на куќата ја диктирал теренот, идејата била да се изгради куќа која се одликува со хармонија и континуитет со природата, да не се знае каде започнува и каде завршува човечката интервенција. Успеале во тоа преку мрежа од дворови, пациа и тераси, а тука се и многуте патеки, зазеленет кров, како и големи стаклени површини поради што се губи границата меѓу ентериерот и екстериерот. Стера ја поставила својата цел, да создаде куќа чии волумени нема да ја променат локацијата, туку ќе придонесат да го зголемат нејзиниот квалитет.
Така локацијата и живеалиштето се негуваат едни со други. Материјалите и занаетчиските вештини се спојуваат и и даваат димензија на издржливост и човечност. Основниот гест на проектот, оној што ја одредува локацијата, е исцртување на две оски: едната проектирана кон морето, другата издигната кон карпите. Нивното вкрстување овозможува артикулација на различни места важни во локацијата и распоред на две нивоа, и двете гледани како приземје.
Нивото на приземјето е издлабено од локацијата. Тоа создава поблиски односи со морето и подобро користење на градината. Зелената тераса, „летечкиот тепих“, гледа кон морето. Патеката што се протега покрај морето го открива брегот. Оваа патека опслужува многу места на локацијата, создава поединечни настани со повеќе функции.
Распоредот на куќата не е конвенционален. Вистинскиот влез е дворот, а собите се поставени околу него. Опкружена со различни волумени артикулирани на локацијата и просторите, куќата во доцните попладневни часови се капе на зајдисонцето. Светлината се рефлектира на фасадите што го опкружуваат дворот и се создава светло јадро во средината на целината.
Од функционална гледна точка, од улицата се поставени три пристапи: главен влез, опслужување на дворот, паркинг простор за автомобили смислен како „булевар“ каде што возилата можат слободно да се паркираат, избегнувајќи го ефектот на регулација. За таа цел, на улица е поставен лизгачки ѕид. Пристап до куќата на домарот преку двор кој може да позлужи и како гаража. Пристапот до нивото на подрумот е обезбеден од три различни точки: дворот, услужниот простор и помал двор лоциран на исток, во близина на главната гаража за паркирање. Главниот пристап до куќата е во дворот. Вратата што води до прилично дискретниот ходник опслужува две соби на приземјето, и на катот, дневната соба, трпезаријата, канцеларијата и главниот апартман.
Главниот апартман, кој го зафаќа остатокот од катот, е простран збир од затворени и отворени простори во богата низа настани и атмосфери кои врамуваат погледи на природниот амбиент: мали дворови, пациа, тераси, спални соби, гардероби и бањи. Конкретно, има салон во форма на буквата U, отворен ширум кон морето и малиот двор во срцето на локацијата. Дневната соба се развива по должина, паралелно со морето. Трпезаријата е ориентирана кон запад.
Голем двор сместен на северната страна формира трем со пристап од улицата. Скалите овозможуваат пристап до кровот, дел уреден како тераса, а остатокот е покриен со зеленило. Малиот двор овозможува пристап до „кањонот“, кој опслужува фасцинантни различни ќошиња и агли на локацијата. Падината се спушта од дневната соба кон исток, ја поврзува со долното ниво, завршувајќи ја раскрсницата низ архитектонското шеталиште на локацијата.
И ентериерот е исто толку драматично и внимателно испланирана како и надворешноста. Минималистичките квадратни соби ги сменуваат оние во органски форми, потоа тука се ходници покриени со сводови, како и стаклени плафони во некои делови од куќата. Контрастите овде се во центарот на вниманието, па широките прозорци на дланка нудат спектакуларен поглед на морето, а веднаш до нив се тесни процепи во ѕидовите. Грубата завршна обработка се мешаат со полирани керамички плочки и лакиран мебел.
Навистина е фантастичен пример на архитектура што остава без зборови и чиј секој детал сакаме да го проучуваме неколку пати бидејќи проектантските решенија на ова место се толку обмислени и толку смело вклопени.