Ако сте се прашувала колкава е цената на вашата младост, одговорот е: милион и пол долари!
Куќата Bioscleave House е замислена како „интерактивна лабораторија“, ја проектирале јапонскиот архитект Shusaku Arakawa заедно со својата жена, поетесата Madeline Gins.
И двајцата се познати, меѓународни, авангардни уметници, штитеници на Marcel Duchamp. И двајцата ја објавија својата работа на светот, објавувајќи многу радикални книги и реализирајќи изложби, вклучувајќи ги и оние во Музејот Гугенхајм. Куќата е сместена во East Hampton, престижна населба покрај Њујорк и малку е да се каже дека впечатливо отскокнува од околината.
Но, некои трврдат дека токму поради својата специфична структура и невообичаен дизајн, го подобрува здравјето и го забавува стареењето. Авторите за својот проект говореле дека неговата необична форма ги тера луѓето да ги користат своите тела на неочекувани начини, предизвикувајќи ја рамнотежата и стимулирајќи го имунолошкиот систем.
Од пред некој ден куќата е достапна на пазарот за недвижности за 1.495.000 долари, што е прилично ниска цена за Hampton, особено земајќи го во предвид културно – историскиот аспект на проектот.
Куќата има 255 квадратни метри, обоена во вкупно 52 јаки бои и иземајќи го ѕидовите, нема ниту една рамна површина. Со самото тоа, движењето низ објектот е исклучително отежнато, па така секаде низ ентериерот се монтирани ракохвати за полесно движење.
Мала борба против смртноста
Архитектот Shusaku Arakawa и Madeline Gins се запознале на почетокот на шеесетите години на минатиот век и наредните четири децении ги поминале заедно.
Автори се на книгата „Архитектонско тело“ во кја го вовеле терминот bioscleave, кој се однесува на начинот на кој телото ја прифаќа околината или се одвојува од нејзе.
Куќата во Hampton е нивни прв заеднички архитектонски проект кој името го добил по поменатиот термин. Работата на овој проект била мала борба против смртноста.