GUZ Architects се проектанти на оваа современа куќа во Сингапур, која благодарение на централно потенцираниот дворен базен, што всушност го претставува нејзиниот фокус, го добива името Водна лилија.
Засадените покривни градини ја опкружуваат водата, со што природата станува видлива во секој дел од домот.
Главен мотив на архитектите е да се создаде удобен престој со интегрирана природа, но во исто време и обезбедување на потребна приватност. Водата ја одигра таа клучна улога во постигнување на замислените цели – истакнуваат архитектите.
Покривните градини на горниот кат поврзуваат повеќе приватни соби со зеленило и погледи кон дворовите.