Насловна / Архитектура / Куќа во Словенија со темна фасада импресионира со својот геометриски дизајн

Куќа во Словенија со темна фасада импресионира со својот геометриски дизајн

Куќата, проект на архитектот Миран Камбич се наоѓа во Словенија на работ на шумата, на падината над Церкнички поле, од каде се гледа прекрасното езеро.

2

Токму прекрасните погледи послужиле како основа за осмислување на архитектонската идеја. Куќата е сместена паралелно со ридот и проектирана е како издолжен волумен со стрмен двоводен кров. Всушност, куќата се отвора кон долината благодарение на големиот панорамски прозорец, додека во исто време останува главно затворена во делот свртен кон шумата.

4

Острата геометриска форма на куќата обезбедува удобен простор за живеење за двајца. Сите главни станбени простори се сместени на приземје и се поврзани со надворешната тераса и градината. Внатрешната патека покрај панорамскиот стаклен ѕид ги поврзува дневната соба и просторот за спиење во една посебна зона која овозможува живописен поглед на долината на секој чекор.

1

Пространата дневна соба на две нивоа со кујна и трпезариска маса се отвора се до кровот и дополнително е осветлена со два кровни прозорци, создавајќи атмосфера слична на базилика. Просторот за спиење, кој се наоѓа десно од влезот, има најнизок плафон, додека над него е поткровјето каде се сместени соби за гости, дополнителна бања и фитнес сала.

3

Целиот волумен на поткровјето е поместен назад кон шумата. На овој начин, од дворната страна на објектот се формира широк и многу корисен кров, додека на спротивната страна од објектот останува долга дрвена тераса покриена со настрешница.

9

Интересно е да се спомене дека фасадата на оваа куќа е проектирана како фино профилирана темна фасадна мембрана која дава (инаку на прилично тешкиот волумен) посуптилен изглед и чувство на речиси кадифена површина. Ентериерот на објектот се одликува со минималистички дизајн со неколку внимателно одбрани парчиња мебел. Така, најважното визуелно доживување во внатрешноста останува неверојатниот поглед на долината.

5

6

10

8

Испрати коментар

Scroll To Top