Канадското архитектонско студио NatureHumaine успешно се соочи со предизвикот да проектира куќа која ќе биде во симбиоза со природата. Тие за локација го избрале шумскиот предел од источниот дел на Болтон, Канада.
Куќата е составена од два волумена: долниот дел е изработен од бетонска конструкција во комбинација со дрво, а над него се издигнува друг волумен кој доминира со својата темна боја и рапава текстура. Поставена на овој начин, се добива впечаток дека куќата лебди помеѓу дрвјата.
Погледите кон планината Orford и долината се врамени преку огромниот хоризонтален прозорец. Централно во планот е поставена дневната просторија, а странично се наоѓаат спалната соба и кујната.
Ентериерот е минималистички. Ѕидовите се во бела боја, а во просторот доминираат дрвените елементи и темно обоените рамки на прозорците.