Насловна / Архитектура / Куќа во Куманово: архитектура од времето во кое живееме

Куќа во Куманово: архитектура од времето во кое живееме

Во поново време, архитектурата во Македонија е во своевидна криза токму поради актуелизацијата на одредени стилови кои не се својствени за ова време, туку тие се користени во нашето далечно минато, а истовременo на овие простори никогаш и не ни егзистирале.kuka vo kumanovo ueb arhitekti_05

Во време на ваква „архитектонска криза“ и „анемија“, задачата и должноста да се задржат основните архитектонски принципи, норми, но и архитектонскиот морал, се фрла врз сите нас, архитекти, и затоа мораме, секој поединечно, да се бориме против замаглената и замачкана, нејасна слика со која им се претставува архитектурата на архитектонските лаици, кои пак многу лесно ја примаат квази архитектурата како вистинска и „модерна“, заборавајќи или не гледајќи ја вистинската архитектура од ова современо време во кое живееме.kuka vo kumanovo ueb arhitekti_02

Младите и перспективни архитекти од кумановското архитектонско студио „УЕБ – Архитекти“, се едни од борците за просперитет на современата и модерна архитектура наспроти квази архитектурата.

Овој објект е дело токму на архитектите од студиото „УЕБ – Архитекти“ и тој се наоѓа во централното градско подрачје на Куманово. Обликуван од неколку кубични форми кои меѓусебно се допираат и/или навлегуваат еден во друг, овој објект претставува вистински примерок на современата архитектура од времето во кое живееме.kuka vo kumanovo ueb arhitekti_04

Овие кубуси меѓусебно, визуелно се одделени и со бојата и текстурата на нивната финална обработка, па така најисфрлените рамнини на оваа куќа се обоени во светла боја, додека пак оние рамнини кои се поповлечени се црни. Интересен детаљ кај оваа дистинкција помеѓу рамнините се јавува и кај вдлабнатините, кои пак се обработени со природен камен во темна боја.kuka vo kumanovo ueb arhitekti_08

Оваа куќа се развива на две нивоа, приземје и кат. На приземјето покрај влезната партија и скалите, е поставен и јавниот дел на куќата, т.е. кујната, трпезаријата и дневната соба. Освен овој јавен дел, на приземјето се наоѓа и една спална соба како и бања. Во северната партија на куќата се јавуваат и сервисни простории како гаража и техничка просторија наменета за сместување на централната топлана и слично.kuka vo kumanovo ueb arhitekti_07

На катот е сместен интимниот дел на домот, каде се наоѓаат три спални соби. Од двете спални соби кои се ориентирани кон запад, се излегува на една поголема заедничка тераса, додека спалната, која е ориентирана кон исток, нема излез на тераса. Балконот што е поставен на источната фасада е наменет да се користи од сите корисници на куќата, па така до него се пристапува од претсобјето на катот. Сите овие три спални гравитираат околу централна заедничка бања која ги опслужува сите корисници на катот.kuka vo kumanovo ueb arhitekti_06

Целата куќа е добро осончана и проветрена бидејќи има одлична ориентација, но и употребата на големи прозорски отвори од страна на проектантите придонесува сончевите зраци да навлезат длабоко во просториите.kuka vo kumanovo ueb arhitekti_03

Ентериерното решение на оваа куќа, особено во групата на простории наменети за дневен престој, дава акцент на природните материјали како дрвото, стаклото и каменот. Одличната комбинација на овие материјали во внатрешноста на куќата дава одличен амбиент, кој зрачи со топлина и дава голема доза на пријатно чувство.

Исто така, големата седечка гарнитура изработена од кожа, е одлично место за собир на целото семејство на едно место, каде тие можат да поминат пријатно време во меѓусебен разговор или пак опуштање. Проектантите се потрудиле и при дизајнирањето на партерот и оградата на овој објект, кои исто така се во склоп на неговиот архитектонски концепт.kuka vo kumanovo ueb arhitekti_10 kuka vo kumanovo ueb arhitekti_09

Локација: Куманово, Македонија

Изведба: 2015 година

Инвеститор: Селвер Исени

Проектанти: UEB – Architects (Урим Латифи, Елвис Муслији, Буњамин Адеми)

Површина на локација: 454 м2

Изградена површина: 150 м2

Катност: приземје, кат

 

Испрати коментар

Scroll To Top