Канадското архитектонско биро Atelier Schwimmer, проектирало куќа на езерото Бром, недалеку од Монтреал, во која контрастот помеѓу палено и избелено дрво бил главната дизајнерска водилка.
Објектот со површина од 297 квадратни метри е викендица за два брата, кои сакаат заедно да уживаат во активности на отворено, но при тоа да имаат и свое парче мир кога ќе се повлечат во куќата.
Викендицата во основа е едноставен објект со правоаголна форма и отвори кои овозможуваат голем продор на светлината. Архитектите за фасадата го избрале дрвото ариш, кое е палено за да добие потемна боја, додека вовлечените ѕидови и внатрешноста се направени од избелено дрво, третирано со природно уље, за да се добие контраст.
„Оваа игра на светли и темно го зголемува единствениот аспект на куќата“, велат архитектите за Dezeen.
Голем стаклен лизгачки портал и дрвен трем се завиткуваат околу задниот агол на куќата. Прозорците и вратите од сите страни се ориентирани да се соочат со зеленилото, пристаништето и езерото.
Дневниот боравок го краси трострука висина со што куќата добива нота на луксуз и монументалност. Главниот детал во дневната соба е камин од бетонски плочи поставен централно во просторијата со што доминира од секој агол и создава гостопримлива атмосфера. Трупците се поставени во стаклен дел кој е направен со засекување на монолитниот камин.
Бетон ги краси и подовите и ѕидовите, а плафоните се направени од дрво. Во контраст на бетоните е клупа со форма на латиничната буква L, која е направена од шпер плочи и седејќи на нејзе може да се ужива во погледот кон езерото.
Инересен детал е и јаже за качување, кое е закачено на гредата на слемето и се спушта до подот во дневната соба.
Дрвени скали водат на горното ниво, каде се сместени четири спални соби и уште еден дневен боравок. Три кровни прозорци над скалите му даваат на ходникот дневна светлина и го прават просторот попријатен.