Сместена во Такаматсу, Јапонија оваа куќа со површина од околу 130 квадратни метри е дом на брачен пар со едно дете.
Проектирана од јапонското биро Fujiwaramuro Architects, куќата обезбедува се она што барале клиентите, приватност, гаража во која автомобилот ќе може да се гледа и од внатре, армирано бетонска конструкција со едноставна завршна обработка. Просторот каде се сместени дневниот боравок, трпезаријата и кујната поставен е централно, а околу него се развиваат останатите просртории.
Четирите надворешни ѕида потполно го ја затвараат куќата, а квадратен отвор кој се наоѓа на сите четири агли и еден е во центарот на објектот.
Овие пет празнини внесуваат еднолична светлина во внатрешните простори, пишува ArchDaily, давајќи му на дневниот и трпезаријски простор пространа, светла атмосфера. Четирите надворешни празнини на аглите го вклопуваат надворешното опкружување во куќата задржувајќи ја приватноста, создавајќи простор со чувство на отвореност со силни врски со надворешниот свет.
За да биде едноставен внатрешниот простор архитектите користеле само четири столба. Првиот и вториот кат носени се од конзоли, кои хоризонтално се протегаат од овие четири столба. Благодарение на вака решен конструктивен систем надворешните ѕидови немора да го подупираат катот или кровот со што е овозможено поставување на долги, а тенки прозори кои пропуштаат светлина од 360 степени. Тоа овозможува и линијата на гледање да се протега надвор од куќата, без да се наруши приватноста.
Проектот резултирал и со значителни заштеди на буџетот за изградба. Тлото под објектот е мошне меко и е со слаба носивост што би изискувало стабилзација за што би се користеле гоелми количини материјал.
Куќата проектирана на овој начин имало потреба да се стабилизира тлото само под четирите столба, со што буџетот за земјени работи е сведен на четвртина од она што би било потребно доколку за куќата се предвидувало друго конструктивно решение.