Релаксирачка оаза опкружена со природна вегетација и шуми од богатиот африкански југ. Опкружена од шумовитиот пејзаж, куќата Gubbins тешко ќе може да се забележи од некои видливи точки. Но, кога ќе се влезе подлабоко во овој волшебен пејзаж, на падините на овој природен парк и еден од најубавите предели на Јужна Африка, планината Table, се открива оваа модерна резиденција. Архитектурата на оваа градба ја потпишуваат студиото Antonio Zaninovic со седиште во Кејп Таун, а во соработка со Rees Roberts & Partners.
Куќата е изградена во подножјето на планината Table со прекрасен поглед на градот Кејп Таун и пристаништето подолу. Идејата на архитектите била потполно вклопување на резиденцијата во медитативната околина, и на тој начин создале релаксирачка оаза опкружена со автохтони дрвја, кои со својата текстура потсетуваат на природни скулптури.
Отворениот дневен престој е „сместен“ во природните насади на градината и е скриен од планинските ветрови, а до него се наоѓа природен басен кој овозможува единствено искуство на пливање во кристално бистрата вода. Куќата е изградена од локални материјали, кои во целост ја вклопуваат со околината во која се наоѓа, додека ентериерот ги следи големите отворени простори.
Пространата градина со внимателно избраната вегетација и автохтоните растителни видови овозможува релаксирачко искуство во долгите летни денови.