Како да не сме виделе доволно јапонска креативност досега, се појави уште еден интересен пример на модерна јапонска архитектура, креирана од Edvard Suzuki Arhitekture studio. Резиденцијата е во градот Камикура, Префектура Камагава во Јапонија.
Очигледен е музејскиот дизајн, карактеристичен за оваа необична куќа.
Идејата на проектот е да гледа на внатре, наместо да се отвора кон надвор. Правоаголната силуета на куќата е поместена до работ на парцелата од 776 м2, во чиј центар е кружна тераса со пречник од 15 м. Главната поента е да се овозможи секој простор да биде ориетиран и да има поглед кон централниот дел – градината. Невообичаен но особено успешно изведен проект на куќа, која наместо да се вклопи во постојната околина, створила за себе свој посебен амбиент…
Во овие студени зимски денови, јапонска архитектура со летен шмек за затоплување на душата.