Оваа индивидуална куќа се наоѓа блиску до градот, но изразува единство со природата преку единствен архитектонски дизајн. Куќата Internal Landscape Villa го зема традиционалниот преден двор и го преместува во центарот на структурата, создавајќи речиси невидлив премин помеѓу внатре и надвор.
Проектирана од архитектонското биро Atelier Štěpán, Internal Landscape Villa е развиена на релативно мала парцела во Чешка. Градителите извезтуваат за строги градежни регулативи кои придонеле на предизвикот да се создаде дом кој ќе ја задоволи желбата на клиентот „да живее воглавно на отворено“. Оваа цел ја постигнале преку креативна поставеност на на домот и забележителни небесни прозорци кои го преплавуваат просторот со природна светлина.
„Сакав да се обидам да создадам внатрешна диспозиција во која луѓето можат природно да се движат, каде што ќе можат да пливаат како риба во вода“, вели архитектот Marek Jan Štěpán. „Вид на ппуштен живот, каде потсвесно предвидувате каде е сè. Најважен е природниот проток на дневната светлина. Додека светлината струи низ големите прозорци, како и низ кружните отвори на покривот“.
Куќата се наоѓа во непосредна близина на паркови, работа, училиште, семејни и културни настани во областа. Во суштина е вградена во наклонетиот терен со три различни платформи кои создаваат суптилен слоевит ефект. Додека главната влезна платформа се наоѓа на ниво на улицата, главната платформа за дневниот боравок е издигната за нешто помалку од кат над нивото на улицата. Атриумот на отворено е подигнат уште неколку метри. Сепак, една област се прелева во друга, сето тоа со нагласок на централизираната внатрешна површина на тревникот. На отворено, има повеќе дневни простори со клупи за седење и базен.
Архитектите избраа различни градежни материјали за секое ниво, во склад со потребите на пејзажот. Долниот дел е од бетон, додека горните нивоа и внатрешноста на дворот се од дрво. Надворешноста на домот е облечена во бетон и дрво. Внатре, подовите се обрабптени во комбинација од натур бетон и дабово дрво.
Вилата е проектирана и изградена според нискоенергетски стандард. Опремена е со подно греење и ѕидни гречи. Топлината се обезбедува со котел на гас, а пасивниот дизајн придонесува за природно ладење. Каминот на дрва, исто така, ги надополнува барањата за топлина.
Бидејќи областа има високо ниво на подземна вода, таа се собира во резервоар под атриумот. Топлата вода се загрева внатре во домот преку енергијата што се собира од соларните панели на покривот.