Проектот за семејна куќа за младо четиричлено семејство требало да се изработи на релативно мала парцела во Стариот град на Братислава, Словачка во близина на локалитетот Хорски парк.
Овој предизвик архитектите од бирото NOIZ architekti се обиделе да го реализираат во контекст на локацијата, околниот развој и постоечкиот развој на земјиштето. Првично, на локацијата имало два објекта, семејна и градинарска куќа.
По почетната полемика за зачувување на првобитните градби и анализирање на постоечките потпорни структури и законски можности, архитектите се одлучиле за нова градба, но со надоврзување на првобитното решение. Така, успеале да создадат надстандардна вредност на домување за инвеститорот на мала парцела со чувствителен пристап кон животната средина.
Целта на концептот на новиот објект врз основа на оригиналните градби бил да не се оптоварува парцелата и околината во стабилизирана област и да се зачува размерот и карактерот на првобитниот развој. По анализа, проектантите тргнале од две основни појдовни точки.
Првата почетна точка на решението ја претставува врската со првобитната маса на објектите, а втората резултирала со создавањето на нова шема на распоред.
Крајниот резултат е современа, ненаметлива, но впечатлива куќа, која придонесува во контекст на опкружувањето.