Проектирана од архитектонското биро со седиште во Берлин J. Mayer H, Residence n.n е семејна куќа со зелен покрив лоцирана на пространа локација во близина на Москва. Претставува просторно истражување помеѓу прикривање и изложување.
Оваа слоевита топографија ја замаглува границата што ги дели пејзажот и градбата. Геометријата на основата го спојува објектот со теренот на кој се наоѓа, со отстранување на поединечни слоеви и создава простори помеѓу слоевите.
Попречниот пресек покажува богата варијација помеѓу нивоата, а внатрешните врски и постепените премини кон надвор, развиваат отворени слоеви за флексибилна и програмска организација на просторот. Амбивалентноста на приватноста и отвореноста е модулирана во различни состојби помеѓу питоми ридови и затворени воздушни простори. Со конзолни и закривени катови на зградата, се формира многу широк спектар на премини помеѓу внатре и надвор, со изградена природа како ѕидови за качување и базени, проектирани градини и уредени површини, како и недопрена природа.
Оддалеченоста од реката Москва е запазена и заштитена со природната акумулација на вода. Зеленетите покриви создаваат подобра внатрешна клима преку површинско испарување и топлински тампон. Застаклената фасада околу целата зграда внесува голема доза на дневна светлина во објектот и ја поврзува внатрешноста со градината.
Целата топографија на парцелата е распоредена како полуцевка, така што се издига на рабовите на парцелата криејќи се од погледите на соседите. Приватните соби на семејството се наоѓаат длабоко во зградата и остануваат неоткриени. Спалните соби на горните катови имаат директен пристап до градината преку зелените кровови формирани како рампа. Брановидните рабови на куќата создаваат мека транзиција помеѓу архитектурата и природата.
Топографијата на приватноста на Residence n.n. се претопува со обрисите на руралниот пејзаж. Куќата гледана од воздух е камуфлирана, а на земја е екстравагантен сосед.