Насловна / Архитектура / Куќа во близина на езеро во Уругвај

Куќа во близина на езеро во Уругвај

Куќата проектирана од аргентинското биро A4estudio се наоѓа во Manantiales, Уругвај на два километри од плажа со поглед на бела лагуна.

2
Архитектите Leonardo Codina и Juan Manuel Filice при проектирањето си поставиле два примарни услова, да добијат надворешен простор кој ќе ги артикулира активностите на отворено, но и ќе ја контролира визуелната врска, ги почитува соседите и овозможува директн поглед на лагуната. И другата, просторот да овозможи независност и приватни односи меѓу посетителите, како и да ја отвори можноста за поефикасно користење на ресурсите што го интегрираат просторот.

1
Куќата е посавена на терен со благ пад, што најмногу влијаело на конечното решение и подигнување на одредени делови. Архитектите велат дека оваа форма на објектот овозможила најдобар поглед на блиското езеро и околината.

3
Издвоенети делови на куќата им овозможуваат на корисниците да се осамат и скријат од погледеите на останатите.
Како што пренесува ArchDaily, при изработка на конечното решение голема улога одиграл и правецот на струење на свежиот приморски воздух во регионот.

4
Помеѓу две подигнати единици сместен е голем двор под сенка на голем бетонски блок во кој е сместена една од големите спални соби.

5
Во рамки на главниот објект во делот под падината, сместен е голем простор со вински подрум, простор за играње, внатрешен двор и останати помошни простории. Објектот е со површина од 1000 квадратни метри.

8
Централниот дел на куќата претставува заедничка просторија на отворена основа која вклучува кујна, дневна соба, трпезарија и галерија со фантастичен поглед на околината.

7

9

11

10

Arquitectura

Arquitectura

Arquitectura

Arquitectura

Arquitectura

Arquitectura

Испрати коментар

Scroll To Top