Проектантското биро Вrava е автор на проектот за куќа со „совршено обликувани тули“ во Аргентина.
Наречена Casa Hache 01, куќата од 270 квадратни метри се наоѓа во Jesús María, градче на околу 50 километри од Кордоба, на локација опкружена со шума од еукалиптус.
Проектирана на едно ниво во основа налик на буквата H, во единствено опкружување, оваа маса од тули произлегува од традиционалните и класичните градби што ја опкружуваат.
Проектот е конкретен, логичен и функционален. Влезот е поставен централно на главната фасада, со голем отвор кој овозможува да се види централниот двор, мешајќи го екстериерот со ентериерот. Ѕидот од тули ја обиколува целата куќа и го обвива зеленото срце што гледа кон галеријата, која е проектирана целосно да се отвори и дефинитивно да ја избрише границата меѓу внатре и надвор.
Влезниот хол станува врска помеѓу приватниот и социјалниот простор, кој се разликува по поголемата висина на бетонскиот плафон.
Надворешноста на куќата е целосно обложена со совршено обликувани тули. За нивното производство биле задолжени локални занаетчии. Секој блок поминал низ контрола на квалитетот пред да се формираат фасадите кои се вистинските протагонисти на проектот и се одраз на хармонично и пријателско движење.
Сончевата светлина во текот на денот создава различни игри на светла и сенки кои ги менуваат сензациите, како во извонредно уметничко дело.
Куќата нуди релаксиран начин на живот, со благородни и локални материјали кои овозможуваат да се уживаво во неа со минимално одржување.