Насловна / Архитектура / Куќа во Англија која е и зелен пешачки мост

Куќа во Англија која е и зелен пешачки мост

Британското студио Kirkland’s Fraser Moor создаде модерен семеен дом наречен Ашраја во југоисточна Англија, во близина на Олдбери, село сместено во област со извонредна природна убавина.

most

Може да се каже дека примарната карактеристика на овој проект е ламиниран заоблен кров кој во завршниот слој е покриен со трева и е прооден, а води од подножјето на едната страна на куќата до другата.

“Примарниот концепт беше поттикнат од желбата беспрекорно да се интегрираат зградата и пејзажот за да се осигура дека новиот дом „излегува“ од земјата и од контекстот“, изјави за Dezeen Дејвид Киркланд, ко-основач на Kirkland’s Fraser Moor.

most2

Оваа карактеристична двокатна куќа е според  проект на кој големо влијание имала желбата на клиентот за големо количество природна светлина.

Објектот, сместен во кружен простор опкружен со камени ѕидови, има правоаголна основа, но заоблен покрив, а висината од подот по целата куќа варира.

most3

Самата куќа, според Киркланд, е многу едноставна правоаголна форма сместена во заоблен пејзажен двор, со цел да се обезбеди органска природна течна форма заедно со заоблениот кров.

Камените ѕидови на дворот се проектирани да ги прошират постојните ѕидови, кои се од историско значење, а целокупната естетика на структурата потсетува на голема копнена уметност и моќни форми на праисториски релјеф.

most4

Под заоблениот кров, направен од ламинирано дрво, повеќето соби се наоѓаат на приземје. Големата кујна и трпезаријата се одделени од дневната соба со скали, додека двете спални соби имаат пристап од овој простор.

Главната спална соба, како и уште една спална соба, се наоѓаат на првиот кат, заедно со канцеларијата. Во подрумот има соба за билијард, игротека, мала дневна соба и уметничко студио.

most5

За да го намали јаглеродниот отпечаток, Киркланд Фрејзер Мур користел природни материјали за поголемиот дел од структурата на куќата, како и за изградба на преградните ѕидови.

Додека подрумот и меѓукатот се изработени од монтажен бетон, кровот е изграден од ламинирано дрво, а поголемиот дел од внатрешните ѕидови се направени од блокови од креда.

most7

По првичните потешкотии за време на развојот на проектот, оваа селска куќа доби дозвола за планирање според дел од Законот за планирање на Велика Британија познат како Параграф 80, кој дозволува да се градат куќи со „висок квалитет“ во руралните области.

“Проектот доби голема поддршка од локалната заедница, која многу помогна да се поништат сите претходни одлуки за отфрлање на планот“, додава Киркланд.

most8

most6

most1

Испрати коментар

Scroll To Top