Куќата Villa Marie е сместена на падина во алпско подножје на Горна Австрија. Проектот е фокусиран на два аспекта: концепт на бунгалов кој ги организира сите простории на едно ниво околу средишен дневен простор и западна орјентација на пространата тераса.
Великодушната тераса го поврзува дневниот боравок со градината. Огромна лизгачка врата го отвора главниот животен простор кон надворешниот простор, поврзувајќи го ентериерот со екстериерот.
Три функционални волумени го дефинираат средишниот дневен боравок кој може да се проширува за две дополнителни простории. Распоредот на волумените создава континуиран отворен простор без видливи врати од дневниот боравок. Едноставниот просторен концепт е замислен од три функционални коцки со интегриран мебел, кој главниот простор во дневниот боравок го зонира во три простории.
Дрвената конструкција комплетно е монтажна и составена на лице место, што ја прави одржлива и ефикасна во процесот на изградбата. Основната дрвена конструкција е видлива внатре што резултира со удобна атмосфера.