Куќа “V”

v (8)Куќата “V” од холандското архитектонско студио GAAGA е проектирана за приватен клиент и се наоѓа во урбаната четврт “Nieuw Leyden”, густо населена област во градот Ле јден, Холандија.Локацијата претставува поранешна индустриска област во близина на центарот на градот, предодредена од градот Лејден како експериментална зона за домување, каде нејзините жители имаат можност сами да ги развиваат/ дизајнираат своите домови. Така, локалните власти дефинирале шематски урбан план, базиран на мрежа од околу стотина парцели распределени низ пешачка зона, која отвора можноста за индивидуално обликување и исполнување на секој сегмент.

v (2) v (3) v (4)

Куќата “V” претставува дел од ансамбл содржан од 8 домови, групирани во низа и секој од нив осликува автономен дизајн од различен архитект.Од својот апстрактен и необичен изглед, како најкарактеристичен детал се потенцира кровната покривка со облик на “V”. Конструкцијата на покривот е изведена од дрво и е превртена обратно, моделирајќи вдлабнатина во центарот на објектот. Од надворешноста, вака обликуваниот покрив го диференцира објектот од останатите, како и го потенцира неговиот динамичен израз. Анализирајќи го од внатрешноста, допринесува за витализација и интензивирање на ентериерниот простор.

v (1) v (10) v (11) v (12)Објектот зазема речиси квадратна основа и се состои од две нивоа, кои не можат да се диференцираат наљудувајќи  ја фасадата. Фасадното обликување претставува композиција на непретенциозна целина со кластер од прозорци во средишната зона. Внатрешната организација е дефинирана на начин што секој кат има сопствена, типична програма и просторна распореденост.

v (5) v (6) v (7)

Испрати коментар

Scroll To Top