Насловна / Архитектура / Куќа Тарума во Бразил: Проект во склад со природата

Куќа Тарума во Бразил: Проект во склад со природата

Сместена во близина на мало езеро што се влева во реката Тарума, во градот Манаус, куќата Тарума е проектирана врз основа на неколку принципи за да  обезбеди термичка удобност на своите корисници: соодветна инсталација, ориентациони отвори, максимизирање на вкрстена вентилација, како и зачувување на локалните еколошки системи. Куќата е од 2020 година и е проектирана од архитект Laurent Troost.

1 (9)

Во куќата Тарума, собите се наоѓаат на долниот кат, а базенот се наоѓа на горниот кат. Замислен како независна структура од остатокот од куќата, покривот е изработен од челик и има два наклони со провев на воздух на задниот дел, овозможувајќи добра термичка удобност на горниот кат на куќата.

1 (8)

Со своите лизгачки прозорци на двете страни, застаклената дневна соба на горниот кат овозможува целосна интеграција со базенот и природата.

1 (7)

Главната цел на овој проект е да се создаде „засенчена, отворена, континуирана и енергична архитектура која е во хармонија со тропската средина“.

1 (6)

 

1 (5)

1 (4)

1 (3)

1 (2)

1 (1)

АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА

Испрати коментар

Scroll To Top