Насловна / Архитектура / Куќа создадена за бегство од градот

Куќа создадена за бегство од градот

Ова совршено место за одмор се наоѓа во Лос Анџелес, во планините на Санта Моника и има беспрекорен поглед кон Тихиот океан. На прв поглед, се чини како еден вид плашливо, осамено место кое е целосно потопено во околниот (не толку живописен) предел. Се чини дека тука нема што да се истражува, слуша или да се види, но тоа секако е далеку од вистината.

kuka

Самата конструкција на домот е изработена од бетон, дрво, челик и стакло и се издига од земја без да ја совлада. Врската меѓу тежината на бетонските sидови и големите стаклени простории е направена за да се нагласи совршената рамнотежа меѓу материјалите.

kuka1

На неколку чекори од куќата се наоѓа темносиниот голем базен со бесконечен раб што ја имитира бојата на океанот подолу. Правоаголната хоризонтална структура се чини дека лебди над земјата, додека нејзината челична рамка се протега во форма на покриени палуби што дополнително ја прошируваат квадратурата.

kuka2

Не смее да се заборави ниту помалку интересниот ентериер на оваа куќа, која се карактеризира со минималистичка естетика со топли дрвени тонови и масивни прозорци кои ги врамуваат погледите во сите правци. Домот е инаку погоден за повеќе луѓе, бидејќи има дури четири спални, од кои едната се наоѓа во приватно студио.

kuka3

Во големиот објект се наоѓа главната спална соба со прекрасен поглед на океанот, а има и две дополнителни спални соби. Сето тоа е совршено ако се сака мирно бегство од градскиот шум и новосоздадената топлина.

kuka4

Без разлика дали сте решиле да избегате самостојно во ваков дом, или го земате поширокото семејство или пријатели со вас – не грижете се, ваква куќа може да прими апсолутно сè!

kuka5

kuka6

Испрати коментар

Scroll To Top