Cavin Costello од The Ranch Mile е проектант на модерната куќа во Феникс, Аризона, наречена “House Link” во директна врска со зборот ‘поврзување’.
Куќата „Врска“ се наоѓа во историската населба Pierson Place, во Феникс, Аризона.
Името го добила бидејќи е последна слободна парцела во соседството, односно алката што недостасува. Архитектонската фирма The Ranch Mile е ангажирана од страна на инвеститорот Ewan Boxwell за проектирање куќа за одмор, која ќе има три спални и две бањи.
Куќата е дизајнирана како дел од урбаната структура, поврзувајќи ги двете парцели и сосетството, и физички и визуелно. Дневниот престој се отвора со лизгачки стаклени панели кон надворешниот простор. Проширувањето на површината оди во двоен правец, кон двете парцели односно кон двата приватни дворови.
Дневната и трпезариската област во куќата се есенцијални за трансформацијата од затворен во отворен павилјон, идеален за забави.
Спалните, бањите и помошните простории се сместени во главниот, приватен волумен на куќата. LED осветлувањето и конструкцијата што го врамува, овозможуваат енергетска ефикасност на куќата.