Проектот за овој станбен комплекс претставува реконструкција на веќе постоечки сегмент од двокуќа, чија функционалност и програмска сегрегираност не ги задоволувала основните станбени услови. Во соработка со клиентите, архитектонското студио Elements реализирало решение каде првите два ката се рехабилитираат, додека пак најгорниот кат се заменува со олеснета и отворена структура, ориентирана кон пејзажните визури на фјордовите.
Најгорниот волумен за три метри конзолно надвиснува над останатите, повлекувајќи се од уличнот фронт со цел да создаде поголемa осончана површина, како и да се обезбеди поголем степен на природно осветлување во внатрешноста на објектот, отворајќи непречени визури кон водното пејзажно пространство…