Насловна / Архитектура / Куќа со изолација од овча волна

Куќа со изолација од овча волна

Модерна куќа во фарма во Австралија може да се пофали со традиционален дизајн, но и со одржливост. Она што ја прави уникатна е изолацијата на таванот, што е изработена од овча волна од локална фарма. Традиционалните материјали од фармата се комбинирани со оние што ја подобруваат естетиката како што се железни брановидни плочи, дрво, бетон и камен, како и модерни елементи изработени од рециклирано дрво и пластика. Биле разгледани и заштеди на енергија и инсталирани се соларни панели за таа намена. Проектот за куќата на островот Бруни во Тасманија е на австралиската компанија FMD Architects, со седиште во Мелбурн.

kuka

Волнениот таван е порабен со иверица и бетонски елементи и е запечатен со проѕирен брановиден поликарбонатен лим. Освен што оддава почит на самата фарма, волната обезбедува и топлинска изолација со цел да се намали потрошувачката на енергија. Прозорците од подот до таванот овозможуваат влегување на дневна светлина што се одбива од sидовите на иверица, додека каминот и другите елементи од темен челик се контрастни со природното дрво. Бањата е покриена со црвена тула, на подовите и ѕидовите, со цел да се вклопи во геометријата на оџакот.

kuka1

Во првобитната состојба, куќата е направена за двајца, но може да се прилагоди за сместување на дополнителни гости благодарение на терасата и креветите. До прозорците се поставени и вградени “кревети” за седење и лежење. Во внатрешноста на куќата има мезанин со работен простор, а има и посебна спална соба, како и кревет од иверица вграден во ѕидот.

kuka2

Наместо олуци на покривот, направени се канали за одводнување. За енергетска ефикасност, компактните внатрешни простории можат да бидат затворени за да се намали потребата за греење и ладење. Резервоарите за вода и низата соларни панели инсталирани на фармата обезбедуваат одржливост кога станува збор за вода и енергија. Каминот со бавно горење на дрва е главниот извор на греење.

Предност имаат локалните материјали како што се иверица и рециклирано дрво. Мебелот и LED уредите за осветлување дизајнирани и изработени исто така тука се искористени за опремување на куќата, додека локалниот уметник Роби Вираманда придонел со серија скулптури од јагленисано дрво.

kuka3

Испрати коментар

Scroll To Top