Предградијата на полскиот град Познањ се комбинација од бујни шуми, обработливо земјиште со земјоделски објекти и брзорастечки населби за едносемејни станови.
Куќата од 270 квадратни метри, потпишана од Wrzeszcz Architekci, е изградена на спојот на овие три зони, на локација опкружена со стари, историски германски штали, кои сè уште се карактеристични елементи на околниот пејзаж.
Станува збор за едноставни згради од тули со избалансирани пропорции и прецизни детали кои се навистина се стари, а сепак се издвојуваат меѓу новоизградените згради во областа.
Според архитектите од Познањ за ArchDaily, во текот на процесот на проектирање се родила идејата дека не само што треба да се инспирира доминантната околна архитектура, туку и да се обиде директно да ја искористи.
Планот, додаваат, бил да се купи и демонтира стара напуштена штала, пронајдена во блиското село и да се изгради нова куќа на парцелата на клиентот од постоечки градежен материјал.
“Ова стана клучна идеја што донесе значителна промена во пристапот кон проектот во областа на архитектурата и одржливоста“, велат од Wrzeszcz Architekci.
Приземјето е заеднички простор кој вклучува кујна, трпезарија и дневна соба, а има голем, долг стаклен отвор со поглед на шумата, како и тераса со иста должина како и прозорецот.
Овој впечаток го засилува високиот простор на кујната и дневната соба, кој достигнува пет метри, додека на првиот кат има модул кој содржи бања, плакари и спални соби со прекрасен поглед на шумата.
Овој „левитирачки“ модул создава суспензија над приземјето, со што ја штити терасата од врнежи и дава пријатна сенка во сончевите месеци.
Иако можеби изгледа како необично решение гаражата да се постави на средина на куќата, архитектите објаснуваат дека на овој начин гаражата директно се поврзува со влезниот хол, пералната, котларата и складиштето. Над гаражата има детски соби и дополнително поткровје.
За изработка на новата фасада се користени тули од старата штала, па овој историски материјал му дава на местото уникатна атмосфера и чувство.
Фасадата се состои од четири типа на врски од тули со различни нивоа на дизајн и транспарентност. Деталите за фасадата ги истакнуваат зоните на куќата. Отворените ѕидови од тули пропуштаат погледи и ги поврзуваат со околината.
“Ваквото уредување на фасадата беше голем предизвик за ѕидарите кои работеа на градилиштето, бидејќи техниката мораа да ја приспособат на старите градежни занаети“, наведуваат авторите.
Како што додаваат, едноставниот облик на куќата прави совршена позадина за извајаната фасада, нагласувајќи ја нејзината убавина во исто време.
“Рециклираниот материјал од тули од напуштената зграда доби втор живот и создаде дополнителни архитектонски вредности за новата куќа“, велат архитектите од Познањ.