Сместена во планинскиот дел на Јапонија, оваа куќа со долг крoв имитира облик на брод.
Се чини дека бетонската конструкција излегла од земјата – нејзиниот продолжен балкон делува исто како палубата на бродот, додека лесната дрвена маса на врвот остава впечаток дека горниот дел од куќата лебди на еден вид подигната површина. Меѓутоа, бидејќи ова е специфична локација, архитектот се обидел да создаде пат низ околниот дрворед за да пристапи до јужната страна на објектот.
Така е настаната идејата за покрив што може да се продолжи дури и до 20 метри со цел да се искористи максимално сончевата светлина од споменатата страна, но и да се спречат наноси од снег. Приземјето на овој дом опфаќа полујавен простор со влез, канцеларија и гостинска соба, додека на северната страна од зградата има скали кои водат до вториот кат. На ова ниво има кујна со трпезарија, спална соба и када.
Надворешниот ходник, кој продолжува од големиот балкон во форма на палуба, е проектиран да ја обиколува зградата додека се движи кон наклонот на покривот погоре. Благодарение на прозорците, кои се претежно поставени на источната страна, куќата добива сосема доволно природна светлина наутро, додека фаќа широк поглед на околните пејзажи.
Иако оваа куќа на моменти делува тесна и недостапна, нејзината прилично пространа внатрешност обложена со дрво укажува дека сепак е удобна и практична зграда која нуди сосема доволно простор за уживање во утринското сонце.